Капитенот на македонската репрезентација натпреварот го заврши со 13 поени, три скока и една блокада, по мечот тој не го криеше воодешувањето од победата над големиот ривал.
„Не можам да го опишам чувството. Ние сме најдобрата група на играчи во Европа. Никој нема подобар менталитет од нас. Се е во тимот во братството. Секогаш сме тука еден за друг. Тоа е нашата тајна“, рекол Антиќ.
„Доминиравме во текот на сите 40 минути. ЦСКА е многу добар тим, но ние завршивме одлична работа, успеавме да ги задржиме. Минатата сезона победивме во последната секунда, но ова беше сосема друга приказна. Но на Ф4 е важно да се победи, дали со еден или со 20 поени разлика. Не знам што навивачите очекуваа од овој натпревар, но ние прикажавме одлична претстава. Да сум љубител на кошарката кој купил билет за Ф4 воопшто не би бил разочаран од она што ние го покажавме“, истакнал Антиќ.
Европската титула освоена минатата година екипата на Олимпијакос ќе ја брани против Реал Мадрид, кој во второто полуфинале ја порази Барселона со 74:67. Финалниот меч ќе се одигра в недела со почеток во 21 часот.