На американскиот пазар се појавил антидепресив за кучиња, многу сличен на оној за луѓето. Лекот од неодамна се појавил и во Велика Британија, а наскоро ќе се појави во цела Европа. Животинскиот антидепресив служи за смирување на компулсивните пореметувања кај кучињата како што се трчање во круг по опашката и слично.
Новиот лек се покажал како доста ефикасен во сузбивањето на таквото однесување кај кучињата, а тие го примаат без проблем бидејќи има арома на месо. Според странските медиуми, пред појавувањето на пазарот антидепресивот бил тестиран на 660 кучиња со психички проблеми. По два месеци лечење, нивното здравје многу се подобрило.