На церемонијалот ќе присустуваат и свое обраќање ќе имаат, претседателот на Европската Ракометна Федерација (ЕХФ) , г. Тор Лиан, претседателот на Македонската Ракометна Федерација (РФМ), г. Труфун Костовски и градоначалникот на Охрид г. Александар Петрески.
Предвидено е извлекувањето на групите да го направат ракометарки кои ќе учествуваат на првенството, кои воедно ќе имаат и свое обраќање до публиката.
Програмата содржи достојни презентации на градовите домаќини- Скопје и Охрид, а ќе биде збогатена со настапот на хорот Света Злата Мегленска и други културно – забавни содржини.