По повод 7- ми април, Светскиот ден на здравјето, Светската здравствена организација упатува апел до јавноста и пациентите, докторите и оние кои препишуваат лекови, ветеринарите, земјоделците, фармацевтите и фармацевтската индустрија, соодветно и одговорно да ги користат антибиотиците, на најсоодветен начин, со цел справување со резистенцијата кон лековите.

Под слоганот „ако не се делува денес нема да може да се лекува утре“ СЗО/Европа ја посочува итноста и реалниот ризик од губење на моќта за лекување на антибиотиците од животно значење и има за цел да ја нагласи потребата од намалување на  самојстојното, лаичко и  неодговорно конзумирање на истите. Во поширокиот регион на СЗО за Европа, кој опфаќа 53 држави, иако целосниот број на жртви не е достапен како податок, се укажува дека ситуацијата е дури полоша.

– Треба да ја зголемиме нашата свест дека се наоѓаме во критичен момент, во кој резистенцијата кон лековите достигнува досега највисоко ниво, а нови антибиотици нема да пристигнат доволно брзо. Антибиотиците се скапоцено откритие, но тоа го сметаме за нешто што ни припаѓа и прекумерно ги употребуваме и злоупотребуваме антибиотиците: сега постојат бактерии со организми резсистентни на било кој лек. Со оглед на зголемениот број на патувања и трговија во Европа и низ светот, луѓето треба да бидат свесни дека се додека сите земји не започнат да се справуваат со ова, ниедна земја нема да биде безбедна, порача Сузана Јакаб, регионален директор на СЗО за Европа.

OhridNews