На антарктикот е пронајдена врска карпи кои во себе често содржат дијаманти, соопштиле во вторникот научниците кои ги истражуваат минералните богатства на ледениот континент. Со договорот за Антарктикот и поврзаните спогодби забранета е секаква војна, но и рударски активности на единствениот ненаселен континент на Земјата, кои е сочуван за научни истражувања и животински свт, од пингвини па се до фоки. Во написот објавен во списанието “Nature Communications”, тим австралиски истражувачи наведуваат дека во иточниот дел од континентот откриле депозити на кимберлит, ретка магматска карпа која добила назив по јужноафриканската област Кимбели, каде прв пат од неа бил експлоатиран дијамантот.

Научниците навеле дека ова е прв доказ за постоењето кимберчит на Антарктикот. Истакнале дека до откритието дошле во планините Принџ Чарлс. Како што пренесува Ријтерс, за време на дозволеното геолошко истражување не бил пронајден ниту еден дијамант. Кимберлитот, карпа со вулканско потекло, која се наоѓа длабоко под површината на Земјата, досега е пронајден на сите континенти. оваа карпа е и потврда за раздвојувањето на континентите. Областа на Источниот Антарктик некогаш била дел од суперконтинентот Гондвана, кој ги вклучувал Африка, Јужна Америка, Австралија и Индија. Многу минерали, вклучувајќи платина, злато, бакар, железо и јаглен, претходно се пронајдени на Антарктикот.