Членот на Барселона, Ансу Фати го постигна победничкиот погодок за каталонците во Милано против Интер во тгриумфот (2-1) и стана најмлад стрелец во историјата на Лигата на Шампиони.

Фати кој потекнува од школата на Севиља со 17 години и 40 дена го сруши рекордот кој од 1997 година беше во сопственост на Питер Офори од Олимпијакос. Фудбалерот на Олимпијакос кога постигнал погодок имал 17 години и 194 дена.

Претходно, Фати се запиша во историјата на Барселона откако во еден натпревар во Ла лига успеа да постигне погодок и запише асистенција.

Интересен е фактот што за Фати имаше жестока борба помеѓу Шпанија и Франција. Фати одбра да игра за Шпанија, иако има и француски корени.

OhridNews