Со целовечерен концерт кој ќе се одржи утревечер во Центарот за култура „Григор Прличев“ Ансамблот за народни песни и ора „Македонка“ ќе одбележи десет години од своето постоење.
-Околу 200 членови од повеќе возрасти во ансамблот „Македонка“ од Охрид ја споделуваат љубовта кон македонскиот традиционален, оргинален и изворен фолклор. Освен играорците, поделени во неколку возрасни групи, во ансамблот активно од самиот почеток работи и хор, како и оркестар, чии членови свират исклучиво на изворни инструменти, информираат одговорните во ансамблот.
Македонскиот фолклор и традиција, ансамблот „Македонка“ достојно ги има презентирано во многу држави во светот меѓу кои Полска, Франција, Италија, Русија, Шпанија, Хрватска, Турција, Црна Гора, Србија и други. На гостувањето во Јалова-Турција, македонската носија и оро ја понела првата награда, а на гостувањето во Текирдак, Ансамблот освоил сребрен пехар.
OhridNews