Aнсамблот „Филиграни“ на пригоден начин викендов во ресторанот „Билјанини извори“ ја одбележа успешната сезона.
-Во текот на оваа година овој фолклорен ансамбл оствари 250 концерти, во најголем дел на подрачјето Охрид-Струга. Најголем дел од настапите ансамблот ги оствари пред странски туристи во ресторанот „Билјанини Извори“, како и во хотелите „Тино“, „Инекс Горица“, „Десарет“, „Дрим“, „Аквалина“, „Белви“, „Фламенго“, ресторанот „Македонска куќа“ и други. – информира Георги Ставрески-член и кореограф на помладите категории во ансамблот „Филиграни“.
Играорците од сите генерации на ансамблот настапија пред гости од Франција, Турција, Германија, Израел, Кипар, Саудиска Арабија, Кина, Јапонија, Словенија, Србија, САД, Шпанија и други, пред кои го претставија фолклорното богатство на Охрид и Македонија.
Во текот на летото ансамблот „Филиграни“ оствари гостување во Петрич, Бугарија каде освои прво место на тамошниот фестивал, по што имаше успешна турнеа во Краков, Полска, додава Ставрески.
Ансамблот е организатор на фестивалот „Разиграно оро“, на кој настапија 30 фолклорни групи и околу 1600 учесници.
OhridNews