Во Банско беа пречекани од нивните врсници, со кои имаа можност да се дружат и да ги запознаат историските знаменитости на градот. Со директорот на центарот, Емилија Висанина, беше разговарано за унапредување на идната соработка, а од страна на градоначалникот на Банско со задоволство беше прифатена поканата за одржување на целовечерен концерт на „Филиграни“ на празникот на градот. На 27 март играорците од „Филиграни“ и пеачката група на овој ансамбл ќе учествуваат и на годишниот концерт на фолклорната пеачка група „Банските Старчета“, информираат од ансамблот.
Центарот за работа со деца од Банско ќе биде дел од Меѓународниот Фестивал „Разиграно оро 2010“, кое ќе се оддржи во нашиот град од 30 јуни до 04 јули оваа година.