Во рамки на фестивалот „Охридско лето“, вечерва, со почеток во 21 часот, во црквата Св. Софија, концерт ќе одржи Ансамблот „Дорико“: Даниела Нуцоли- мецосопран/виолина, Клодиана Бабо- барокна виолина, Франческо Алесандро де Феличе-виолончело, Џованимариа Перучи-чембало и Раул Хернандез – тенор.
Ансамблот „Дорико“ е група на музичари која настапува на барокни инструменти почитувајќи ги историските практики на интерпретација. Членовите на овој состав свиреле во некои од најзначајните оркестри посветени на стара музика како: „Џардино Армонико“, „Еуропа Галанте“, „Талент Лирик“, „Академија Бизантина“ и се посветени на популаризација на ваков тип на музика како и на откривања на дела од овој репертоар. Настапувале на голем број интернационални и национални фестивали.
OhridNews