Шестмина Италијанци загина во авионска несреќа во Македонија што се случи вчера на околу 10 километри од скопскиот аеродром, пренесува италијанската агенција „ANSA“. Во воздухопловот од марката Пајпер, сопственост на авио клуб од Тревизо имало петмина патници и пилотот Франческо Мантањер. Тој бил пртседател на авио клубот од Тревизо. Во авионот бил и потпретседателот на клубот Дарио Бастасин, Лука дале Муле, Анџело Калегари, Иларија Бери и Висар Дегај, косовски Албанец со италијалијански пасош. Жртвите живееле во Тревизо, Падова и Удине.
Групата планирала посета на Македонија за бизнис поврзан со авио клубот. Од Тревизо вчера полетале четири мали авиони, два за Приштина, два за Скопје. Сите пристигнале на крајната дестинација освен пајперот предводен од претседателот на авио клубот, пишува „ANSA“.
OhridNews
Обновено: Пронајдени само делови од паднатиот авион кај Катланово, потрагата запрена