Дисциплинската комисија при ФИФА потврди дека ќе го разгледа детално случајот “раката на Анри”,. Како потсетување францускиот напаѓач се послужи со раката при додавањето до Галас кој го постигна голот кој ги однесе “Триколорите” на СП.
Претседателот на ФИФА, Сеп Блатер изјави дека случајот е предаден на дисциплинската комисија и таа ќе оцени дали ќе донесе некаква санкција за него. Неофицијално се дознава доколку го прогласат виновен Анри би можел да биде дисквалификуван од групната фаза натпревари на француската репрезентација односно на три натпревари од Мундијалот.
ФИФА има претходно искуство со вакви ситуации. За време на Мундијалот во 1994 година италијанскиот дефанзивец Мауро Тасоти го удри во лицето Шпанецот Луис Енрике за време на меѓусебниот четвртфинален дуел но судијата тоа не го виде и не досуди пенал за “Фуријата”. Италија го доби мечот со 2:1. По натпреварот ФИФА го разгледа случајот и го суспендира Тасоти на осум меча.
ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com