Некогаш лутите ривали на теренот Тиери Анри во дресот на Арсенал и Џон Тери во редовите на Челси најверојатно заедно ќе ја започнат менаџерската кариера во екипата на Астон Вила која се натпреварува во Чемпионшип дивизијата во Англија.
Астон Вила остана без менаџер, откако клубот го отпушти Стив Брус, а Анри е најголем фаворит за презамење на тренерскта палка. Французинот планира веднаш во стручниот штаб како асистент да го вклучи Тери кој после заминувањето од Челси се пресели токму во Астон Вила.
Како што пренесува „Дејли меил“, Анри и клубот се блиску до договор и официјализирање на соработката. Менаџирањето на Астон Вила ќе биде прва самостојна работа за Анри кој на Мундијалот во Русија беше помошник на белгискиот селектор Роберто Мартинез.
Во трката за клупата на Астон Вила уште се споменуваа Руи Фарија кој долги години беше помошник на Жозе Мурињо и поранешниот менаџер на Ливерпул Брендан Роџерс.
OhridNews