Ребека Џонс, жителка на Британија која има 27 години, тежи само 31 килограм и ја разменува облеката со седумгодишната ќерка. Нагласувала дека себеси не се сметала за премногу слаба. Истакнала и дека сваќа дека размислува погрешно, но и дека тоа што е слаба и давало многу убаво чувство. Нејзината прехрана се состоела од супа, тост и енергетски пијалоци.
Од друга страна, на нејзината ќерка и дозволува да јаде чоколадо и колачи. Проблемите со исхраната започнале по разводот на нејзините родители, кога имала 11 години. Понекогаш била толку слаба, што не била во можност да стане од креветот. Бременоста ја изненадила, и иако лекарите и советувале да јаде пилешко, протеини и витамини како би го спасила бебето, нејзиниот желудник сета храна ја одбивал. Малата Мејси била родена како многу мало бебе, но била здрава. Телото на мајката не можело да произведе млеко за бебето. Лекарите ја предупредувале дека нејзиниот организам и нејзиното тело се во толку лоша состојба, што во секој момент би можела да доживее срцев удар поради премалата тежина. Иако се плашела од фактот дека можеби нема да види како ќерката и расте и се развива, нагласила дека не може да си помогне.