Мано Менезес е новиот кормилар на селекцијата на Бразил. Актуелниот тренер на Коринтианс  вниманието на бразилската фудбалска јавност врз себе, во 2005 г. кога со Гремио успеа да се врати од втората во првата ига, а по само две години стигна и до финалето на јужноамериканскиот пандан на Лигата на шампионите – Копа либертадорес.


Доколку ја прифати понудата да ја води репрезентацијата, Менезес ќе има обврска до 2014 г. да ја освои титулата светски шампион, особено што Бразил по втор пат ќе биде домаќин, а во 1950 г. беше поразен дома од Уругвај. Последен пат кариоките на титула се радуваа во 2002 г. кога под водство на Луиз Фелипе Сколари во финалето ја победија Германија со 2-0.