Хакерската група Анонимус објави дека ја хакирале Централната банка на Русија и дека ќе објават повеќе од 35.000 податоци.

Групата Анонимус на својот Твитер профил објави дека нивната заедница ја хакирала Централната банка на Русија. Тие тврдат дека во следните 48 часа ќе објават повеќе од 35.000 документи, меѓу кои и тајни договори.

Анонимус е најекспонираната хакерска заедница во светот, која објави војна на Русија по руската инвазија на Украина.

Претходно објавија дека на 26 февруари ги хакирале државните ТВ канали во Русија и ја објавиле вистината за тоа што се случува во Украина.

OhridNews