Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, денеска попладнево е спроведена во затворот „Идризово“ за да ја издржи затворската казна од 4 години за набавката на блиндираниот „мерцедес“ во случајот наречен „Тенк“ што го отвори поранешното Специјално јавно обвинителство, јавува “Независен” .
Откако Врховниот суд на 18 септември ја потврди оваа пресуда само се чекаше денот кога Јанкулоска ќе биде спроведена во затвор. Одлуката, т.е. упатниот акт од судијата за извршување санкции стигна денеска. Упатниот акт на Јанкулоска ѝ бил врачен во нејзиниот дом во зградата спроти МВР. Од полицијата изјавија дека ја спровеле во затвор по наредба на судот.
Од Кривичниот суд велат дека за Јанкулоска е во сила упатниот акт пред таа да побара вонредно преиспитување од Врховниот суд пред година и пол. Судот само издал наредба таа да биде однесена во затвор, пишува “Независен”.
OhridNews
Извор: “Независен” “Независен”