ОК ВМРО ДПМНЕ во сооппштението до јавност и податоците кои ги изнесе на денеска одржаната прес конференција се повика на резултатите од анкета на Ohridnews спроведени на тема туризам. На овој начин партијата грубо ги злоупотреби резултатите од граѓанската анкета која редовно се објавува на нашиот интернет портал. Тие резултати се јавни и достапни за секого но тоа никако не подразбира дека можат да се користат во партиски цели и без дозвола, бидејќи нивната функција е информативна, а не во функција на дневната политика на било кој политички субјект или јавна институција.
За испитување на јавното мислење, и за цели кои ги користат политичките партии, постојат соодветни агенции за истражување на јавното мислење кои за соодветен надомест изработуваат сондажи, но тоа никако не се медиумите и особено не Ohridnews кој својата позиција на влијателен информативен сервис ја изгради на принцип на професионалност, објективност и неутралност. Очекуваме политичките субјекти да ги почитуваат овие принципи.
Редакција на Ohridnes