Општина Дебрца ги покрена активностите за изработка на Студија за стратешки развој на еко-туризмот во општината, односно насоките како во иднина би се развивала општината во областа на туризмот.

За таа цел е изработен Анкетен прашалник, и тоа одвоен прашалник за туристи и посетители, како и за локалните жители на Општината.

Како што соопштуваат од Општина Дебрца, прашалникот е анонимен, а сите обезбедени информации ќе бидат доверливи и ќе се користат само за општа статистичка анализа.

Секој ваш одговор ќе биде многу важен и корисен за истражување, се посочува во повикот од Општина Дебрца.

Прашалниците заинтересираните можат да ги најдат на официјалната веб страна на Општина Дебрца.

Самото истражување ќе послужи како основа за изработка на Студија за стратешки развој на екотуризмот во Општина Дебрца.

OhridNews