За проблемите во средните општински училишта во Струга најмногу е виновна Локалната самоуправа, покажале  резултатите од испитување на јавното мислење што во изминатите пет дена го сроведе невладината организација „Фонд за развој на млади“ од Охрид.

Анкетата како што беше кажано на денешната прес конференција, била спроведена врз репрезентативен примерок од 1080 лица на возраст од 18 до 30 години. Од нив 41 отсто сметаат дека за проблемот со наставата во средните училишта се виновни општинските власти, додека 20 проценти од анкетираните вината ја гледаат во професорите и наставниот кадар.

Дури 84 отсто од младите на Струга сметаат дека постои добар соживот во градот, а 53 проценти од испитаниците сметаат дека проблемот ќе се реши со смена на актуелниот градоначалник Рамиз Мерко. Помал е процентот, поточно 30 проценти, на испитаниците кои решението за проблемот во средношколските обраазовни центри го гледаат во изградба на нови објекти за настава.

Анекетата ја спроведе младинската огранизација „Фонд за развој на млади“ од Охрид. Организацијата денеска информираше дека во тек е испитување на јавното мислење кај младите и во општната Охрид, а резултатите ќе бидат објавени во текот на наредната недела.

Ohridnews