Бизнис операторите со храна од сите видови на прехранбени дејности до крајот на овој месец треба да пополнат Анкетен лист за имплементација на HACCP системот. Анкетниот лист може да се пополни на веб страницата на Министерството за здравство или на линковите http://moh.gov.mk/moodle/mod/questionnaire/view.php?id=6 и http://moh.gov.mk/moodle/. 

Оваа анкета, која ја спроведува Дирекцијата за храна, има за цел да собере веродостојни информации за степенот на исполнување на законските барања за безбедноста на храната и за препораките со кои се соочува прехранбената дејност при имплементација на HACCP системот.

Од бизнис операторите со храна се бара да даваат  искрени и веродостојни информации  на прашањата кои ги содржи Анкетниот лист, затоа што резултатите од истражувањето ќе бидат искористени исклучиво за изработка на Националната Стратегија за имплементација на HACCP. Исто така резултатите ќе бидат презентирани само во вкупна форма која нема да овозможи идентификација на деловните субјекти, кои ја пополнувале анкетата.

Ohridnews