Дури 61 отсто од граѓаните на Црна Гора едвај врзуваат крај со крај, покажуваат резултатите од истражувањето за приходите на населението, јавува РТЦГ.

Вкупно 61 процент од населението на Црна Гора преку оваа анкета кажа дека е многу тешко или тешко се врзува крај со крај, а само 0,9 отсто, помалку од 1 отсто, врзуваат крај со крај без тешкотии, изјави професорот од Економскиот факултет Никола Миловиќ.

Тоа укажува дека стандардот на населението и граѓаните е значително загрозен на почетокот на 2023 година.

Тој посочува и дека истражувањето на приходите од населението покажало дека 35 отсто од граѓаните не можат да си дозволат пет од 12 ставки од индексот на материјална благосостојба.

Некои од тие ставки се дека не може да го загреат станот, дека не може да купи автомобил, дека не може да ја плати ратата од кредитот, дека не може да јаде риба или месо двапати неделно, рече Миловиќ.

А во однос на паритетот на куповната моќ, црногорскиот државјанин е на 48 отсто од просекот на населението во ЕУ.

За црногорски граѓанин тоа значи дека треба да помине уште многу време, енергија и создавање. Да, тоа значи дека нашиот стандард во Црна Гора не е заработен, туку позајмен, заклучува Миловиќ, пренесува РТЦГ.

OhridNews

фото. МИА