Опаѓа ли интересот на граѓаните за изборите? Иако локалните избори се од исклучително значење за граѓаните, очигледно е нивното разочарување од општата политичка ситуација и случувањата во земјава. Онлајн анкетата што за сопствени потреби изминатиот период ја спроведе OhridNews, за претсојните вонредни локални избори, покажува пад на интересот на охриѓани да излезат на гласање.
На последните редовни локални избори во Охрид, шести од осамостојувањето на државата, што се одржаа во 2017 година, гласале 33.774 граѓани или 63.90%.
На 21 април оваа година во Охрид ќе се одржат вонредни локални избори за избор на градоначалник поради смртта на градоначалникот Јован Стојаноски. Овие избори ќе се одржат заедно со редовните избори за претседател на државата.
Иако во јавноста се шпекулира со повеќе имиња, засега официјално не е истакната ниту една кандидатура за градоначалник на Охрид.
OhridNews
Следно анкетно прашање: Дали верувате во ветувањата на политичарите?