Односите помеѓу Република Македонија и Република Бугарија не биле никогаш полоши. Отворањето на бугарски клубови со контроверзни имиња во Македонија дополнително ги закомпликува работите и ја сензибилизира јавноста. Голема улога, ако не и главна, за овие случувања има политиката. Според граѓаните на Охрид, политичарите не придонесуваат за подобрување на Македонско-бугарските односи. Тоа го покажува и Анкетата што изминатиот период за свои потреби ја спроведе OhridNews. На прашањето: „Дали политичарите од Македонија и Бугарија придонесуваат за подобрување на односите помеѓу двете земји?“ – дури 94 отсто одговориле со НЕ, а само 6 проценти го мислат спротивното. Во анкетата се опфатени 1452 граѓани.

Минатата недела Комисијата за употреба на имиња на личности даде негативно мислење за употреба на името „Иван Михајлов“ на бугарскиот клуб во Битола, што беше потврдено и од Минстерството за правда. Се очекува и одлука за бугарскиот клуб „Цар Борис III“ во Охрид, откако Централниот регистар го одби барањето за усогласувањево, бидејќи во законски предвидениот рок од 30 дена не биле доставени бараните документи, во согласност со Законот за здруженија и фондации.

Г.М.

Ново анкетно прашање: Дали правиме доволно за заштита на уникатното природно и културно наследство на Охридскиот регион?