Македонската машка ракометна репрезентација, денеска, го игра клучниот натпревар на СП во Катар. Во рамки на нокаут фазата, Македонија во осминафиналето се среќава со селекцијата на Словенија, четвртопласирана на претходниот мундијал одржан во Шпанија. Пред конечната разврска ги запрашавме читателите за очекувањата од нашата ракометна репрезентација која до сега ни приреди многу радости победувајќи на 4 од 5 натпревари во групата. Но, денешниот меч со Словенија има посебна тежина, а охриѓани се оптимисти дека Македонија ќе ги продолжи настапите на СП во Катар во следната елиминациона фаза.

OhridNews