По три одиграни кола кошаркарската репрезентација на Македонија на ЕП во Словенија, се наоѓа на 4-та позиција на табелата во Б групата. Македонија со скор од една победа и два порази има 4 бода, колку што имат уште БиХ и Црна Гора. Водат Литванија, Летонија и Србија со по 5 бода.
На ЕП денеска е слободен ден, по што следат завршните две кола кои ќе ги дадат трите патника од Б групата во осминафиналната фаза. За пласман таму Македонија треба да ги совлада БиХ и Летонија.
Охриѓани се оптимисти дека нашата репрезентација може да обезбеди пласман во втората фаза од шампионатот, па дури и дека ќе се вмеша во борбата за највисок пласман.
Охриѓани оптимисти дека Македонија може во осминафиналната група на ЕП
OhridNews