Предизборната кампња за претседателските избори со кои заедно на 21 април ќе се одржат и вонредни локални избори за градоначалник на Охрид, е во полн ек. Карваните на политичките партии секојдневно ја крстосуваат земјата, кандидатите за градоначалник на Охрид секојдневно на прес конференции и средби со граѓаните ја презентираат изборната програма која содржи разни ветувања за идното функционирање на локалнта самоуправа и градот воопшто. Но, охриѓани со скепса гледаат на ветувањата на политичарите.

Анкетата што за споствени потреби ја спроведе OhridNews во изминатите речиси два месеца, покажува исклуичително ниско ниво на доверба во ветувањата на политичарите. Високи 89% се изјасниле дека не веруваат во ветувањата на политичарите, 8% веруваат делумно, а само 4% веруваат во дадените ветувања на политичарите.


Охриѓани со скепса гледаат на ветувањата на политичарите

Согласно Изборниот законик, денеска е последен ден кога медиумите можат да објавуваат анкети и испитувања на јавното мислење поврзан со претстојните претседателски и вонредни локални избори за градоначалник.

OhridNews

Нова анкета: Дали водиме доволно грижа за заштита на Охридското Езеро?