Оптимизмот не ги напушта граѓаните на Охрид. Иако времето во кое живееме носи свои предизвици, охриѓани, барем поголемиот дел од нив, се надеваат дека 2025 година од која веќе го раситнивме првиот месец ќе биде поубава и посреќна. Тоа тоа укажува и анкетата што за сопствени потреби изминатиот период ја спроведе Охридњуз во која учествуваа 1079 читатели.

На прашањето „Верувате ли дека новата 2025-та ќе биде поубава и посреќна? – 61 отсто одговориле потврдно, а 39 проценти не се оптимисти дека годината која штотуку почна ќе биде поубава и посреќна.

Следно анкетно прашање: Што е неопходно да се подобри безбедноста во сообраќајот кај нас?

Г.М.