Како се ближи почетокот на кампањата за претстојните двојни избори за претседател и пратеници во Собранието, така и се заострува реториката на политичките партии. Речиси да нема ден без прес конференција, соопштение или партиска реакција во која политичките опоненти не ги напаѓаат ривалите. Забележливо е ниско ниво на политичка култура, недостиг на меѓусебен респект и минимум политичка коректност. За граѓаните ова се јасни сигнали каква ќе биде кампањата за претстојните избори.
На анкетата што на оваа тема ја спроведе Охридњуз за сопствени потреби, мнозинството охриѓани, односно 83% од учесниците во анкетата, се изјасниле дека не очекуваат коректна изборна кампања, додека 17 отсто сметаат дека таа ќе биде коректна.
Првиот круг од претседателските избори ќе се одржи на 24 април, а кампањата почнува три недели порано. Вториот круг од претстедателските избориќе се одржи заедно со парламентарните избори на 8 мај.
Следно анкетно прашање: Кои приоритети треба да бидат во фокусот на идните пратеници од Охрид?
Г.М.
Фото: Илустрација/freepik