Според резултатите од спроведената анкета 74 отсто од граѓаните сметаат дека е во пораст меѓунационалната нетрпеливост, а 26 отсто сметаат дека меѓуетничка нетрпеливост не постои.
Македонските граѓани сметаат дека меѓуетничките односи во република Македонија се многу лоши.За причината за лошите меѓуетнички односи се свесни дури 76 отсто од граѓаните. Граѓаните не се задоволни и од соработката меѓу етничките групи.
За тоа дали се плашат за својата иднина и иднината на нивните поколенија 56 отсто од анкетираните се изјасниле дека се плашат, а останатите 44 отсто се спокојни за времето кое што доаѓа.
Испитаниците со 73% одговориле дека има проблем на меѓуетнички план кој сакаат веднаш да се реши, а меѓу тие проблеми ги навеле следниве: да се фатат виновниците за каменувањето на џамијата во Кочани, да се воведе Албанскиот јазик во Македонските училишта, да се изгради и џамија на плоштадот во Скопје, да се воведе и турски јазик, албанците да не бараат преку леб погача,ромите да не бидат граѓани од последен ред итн .
Доколку би имале можност 89 отсто од анкетираните би ја напуштиле Република Македонија, а останатите 11 отсто би останале да живеат тука.
извор: „Макфакс“