Пратеничката Анита Кипаризовка – Крстеска во високите партиски кругови на ВМРО ДПМНЕ се гледа како најсериозен кандидат за градоначалник од оваа партија на претстојните локални избори. Повикувајќи се на партиски извори сторијата како ексклузивна ја  донесува новото издание на локалниот охридски весник Амак Прес Охридски Новини.

Во текстот потпишан од новинарот Љупчо Таневски стои дека на Кипаризовска – Крстеска во централата на ВМРО ДПМНЕ во Скопје се гледа со наклонетост и дека постојат  реални  шанси таа да стане кандидат за градоначалник од оваа партија.  Во изјава за весникот Кипаризовска – Крстеска ниту ги негира ниту ги потврдува овие сознанија. Благонаклонето кон идејата жена да биде градоначалник  гледале женските здруженија од Охрид кои во коментарите за весникот велат дека тие за тоа се бореле со години.

Во рекапитуларот на кариерата на Анита Кипаризовска – Крстеска под наслов ,,Тивка вода брегови рони“ весникот прави осврт на нејзината професионална кариера како адвокат  и политичар. Таа  како што наведува весникот, кариерата ја градела стрпливо низ годините почнувајќи како активист во месна организација, па напорно работејќи стигнала до пратеник и партиски функционер во самиот врв на ВМРО ДПМНЕ.

Во сторијата се пренесени изјави и од актуелниот претседател на ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид Владо Стефаноски, а меѓу потенцијалните кандидати за градоначалник се споменуваат и имињата на Цветко Грозданов, Дејан Паноски и други. Најновото издание на Амак прес од печат излегува оваа недела.

Извор: Амак Прес

Ohridnews