На студенсткиот филмски фестивал Филмоција, кој е дел од Институтот за филм – Филмска Академија Охрид, утре, 12-ти март, ќе биде прикажан анимираниот филм “Тор и легендата за Валхала”. Проекцијата ја овозможија Узенгија Дистрибуција и Агенција за филм на Репиблика Македонија за сите љубители на анимирани филмови.
“Тор и легендата за Валхала” синхронизиран на македонсија јазик ќе биде прикажуван во просториите на Академијата ФИОФА со почеток во 11 часот.
Влезот е бесплатен.
OhridNews