На кино репертоарот во Центарот за култура „Григор Прличев“ на 7-ми, 8-ми и 9-ти октомври 2015 година ќе се прикажува анимираниот филм наменет за најмладите „Пим и Пом“, синхронизиран на македоски јазик.

Во филмот чиј режисер е Глорија Смит станува збор за пријателството помеѓу импулсивните и авантуристи Пим и  Пом кои се обидуваат да го најдат патот дома.

Проекциите на филмот ќе започнуваат во 18 часот, а влезниците чинат 100 денари.

OhridNews