На кино репертоарот во Центарот за култура „Григор Прличев“на 30-ти, 31-ви јануари и 1-ви февруари , ќе се прикажува канадскиот анимиран филм „ Легендата за Сарила“.

На далечниот север, есента 1910 година, гладта му се заканува на привремениот логор на младите Инуити. Ситуацијата станува сè полоша бидејќи ловците од ден за ден се враќаат со празни раце. Шаманот Крулик, кој никому не му е познат, фрлил маѓија на племето и таа предизвикала сите животни од тој простор да исчезнат. Меѓутоа, надежта се крие во легендата за Сарила, ветена земја меѓу глечерите. Според легендата, само личност со чисто срце може да премине во ветената земја. Тројца млади Инуити тргнуваат во потрага по Сарила, надевајќи се дека ќе го спасат своето племе од глад.

Почеток на проекциите е во 19.30 часот, влез 50 денари.

OhridNews