Здружението за заштита на животни „Анималиа“ од Охрид денес објави фотографии од удавено куче во најлонска вреќа, кое Охридското Езеро го исфрлило кај селото Пештани.

-Кучето најверојатно е живо удавено. Ставено во вреќа со песок за да потоне во водата и езерото потоа го исфрлило трупот. Молиме за некаква информација која би не донела на чекор поблиску до монструмот кој го извршил ова злодело, велат од Анималиа.

Оттаму потенцираат дека за оваа постапка треба да се одговара, а никоја од институциите досега сериозно не го третирала овој противзаконски случај.

OhridNews