Здруженијата за заштита на животни „Animal World“ од Струга и „Аnimalia“ од Охрид преку писмено соопштетние ја информираат јавноста дека на дел од интернет медиумите осомнала слика со мртво тело на лебед во водите на Охридското Езеро.
-Откако денес на интернет медиумите осамна слика на мртов лебед покрај охридскиот кеј, уште еднаш се докажа незаинтересираноста на институциите на државно и локално ниво за заштита на овој редок вид кој го краси Охридското Eзеро. За жал, сведоци сме дека во изминатите години не постои компетентен орган чија главна надлежност би била заштита, грижа и зачувување на оваа прекрасна птица чиј опстанок континуирано е загрозен токму поради човечкиот фактор, велат од двете здруженија.
Оттаму апелираат за еден посериозен и сеопфатен пристап од страна на институциите и формирање посебно стручно тело на локално ниво чија главна надлежност ќе биде зачувувањето на лебедот како редок животински вид по кој нашето езеро е препознатливо. Исто така оттаму упатуваат апел до граѓаните во иднина при вакви случаи веднаш да ја известат полицијата и да повикат ветеринарен инспектор да излезе на терен за да можат да бидат утврдени причините за настанатата смрт.
OhridNews