Од здружението за заштита на животни Анима Мунди со барање до надлежните да се извршат одредени измени во забраната за движење во вечерните часови со оглед на тоа што граѓаните кои имаат миленици мораат да ги изнесат надвор.

Барањето е доставено до Владата и министерот Венко Филипче, но немаме одговор, иако со него се засегнати минимум 80 илјади сопственици на миленици територија на Македонија кои немаат начин да го изнесат својот миленик ниту по 10 минути по временски период од 20 часа (доколку спаѓаат во возрасната категорија на граѓани), што е неопходно за милениците да извршат физиолошки потреби, велат од Анима Мунди.

Предлагаат измените да се направат според примерот на Србија, Грција, Шпанија.

Потенцираат дека, како што информира Светската здравствена организација, милениците и бездомните кучиња и мачки не го пренесуваат вирусот Корона.

OhridNews