Во финалето на Европското првенство во фудбал вечерва во Берлин. Германија, ќе се сретнат репрезентациите на Англија и Шпанија.
За Англија која нема европска титула ова е второ финале едно по друго. На претходното како домаќини загубија на пенали од Италија. Шпанците, пак, со евентуален триумф ќе стигнат до рекордна четврта титула.
Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација Луис де ла Фуенте ги сподели своите очекувања за натпреварот со Англија во финалето на ЕП 2024.
Ако дадете максимум, оставете се на теренот, тогаш не може да се зборува за неуспех. Сепак, можеби нема да е доволно за победа. Има многу тенка линија помеѓу победата и поразот, особено во финалето, изјави Де ла Фуенте за „Marca“.
Селекторот на Англија фаворитската улога ја препушти на Шпанија која според фудбалските стручњаци покажа најмногу на Евро 2024.
Натпреварот ќе се одигра во 21 часот.
Г.М.