Купот на Шампиони во Соединетите американски држави (САД) синоќа имаше полна програма. На терените ширум САД се одиграа вкупно пет средби во кои силите ги одмерија екипите од стариот континент.

Јувентус со триумф над Баерн Минхен (2-0) ги започна мечевите во САД, „црвените“ од Енфилд забележаа победа (2-0) во англиското дерби со Манчестер Сити. Тотенхем се израдува на најголема победа совладувајќи ја Рома (4-1), а Бенфика и Манчестер Јунајтед победи обезбедија после изведувањето на пеналите против Борусија Дортмунд односно Милан.

Резултати: Јувентус – Баерн Минхен 2-0, Борусија Дортмунд – Бенфика 2-2 (3-4 пенали), Мен Сити – Ливерпул 1-2, Рома – Тотенхем 1-4, Милан – Мен Ју 1-1 (8-9 пенали).

OhridNews