Три од осумте двојки во 1/8 финалето во Лигата на Шампиони се сочинети од екипи кои доаѓаат од англиската Премиер или германската Бундес лига. Најинтересна пресметка сигурно ќе биде средбата помеѓу Ливерпул и Баерн Минхен, а во останатите дуели ќе се сретнат Шалке – Манчестер Сити односно Тотенхем – Борусија Дортмунд.

Четвртиот англиски преставник Манчестер Јунајтед за ривал го доби францускиот првак Пари Сент Жермен, а сериозен предизвик во 1/8 финалето доби и Јувентус кој ќе се сретне со Атлетико Мадрид.

Осминафинална пречка на Барселона е Лион, а Ајакс му стои на патот од Реал Мадрид. Најдобро во ждрепката мина Рома која за противник од носителите го доби Порто.

Осминафиналните мечеви се играат во февруар месец, следната година.

Двојки 1/8 финале:

Шалке – Манчестер Сити

Атлетико Мадрид – Јувентус

Манчестер Јунајтед – ПСЖ

Тотенхем – Борусија Дортмунд

Лион – Барселона

Рома – Порто

Ајакс – Реал Мадрид

Ливерпул – Баерн Минхен

OhridNews