Клубовите од англиската Премиер лига го соборија рекордот по трошење пари за засилувања во зимскиот преоден рок.

Премиерлигашите потрошија 440 милиони фунти на трансфери во зимскиот трансфер прозорец.

Последниот рекорд беше поставен во 2018 година, кога англиските клубови потрошија 430 милиони фунти во јануари.

Челзи беше најголем трошач оваа зима, а новите трансфери го чинат клубот околу 180 милиони фунти. Во овој преоден рок „сините“ потпишаа со Михаил Мудрик, Беноит Бадијашиле, Нони Мадуеке, Андреј Сантос, Давид Фофан и го позајмија Жоао Феликс.

OhridNews