Полицијата во англискиот град Сасекс добила на користење електричен трицикл на саемот за земјоделство кој се одржал неодамна.Тој би можел на полицајците да им стане ново превозно средство. Развива брзина до 40 км на час, лесен е и еколошки прифатлив.
Полицијата добила посебен модел со сино-жолта боја. Наредникот Пол Мастерсон изјавил дека овозможува подобра видливост и дека е многу практичен. Дизајниран е од калифорниска фирма, евтин е и досега го прифатиле многу полициски станици во САД.