Сите клубови во Англија, најавија тридневен бојкот на социјалните мрежи. Сите клубови, од 30 април до 3 мај, ќе ги бојкотираат Фејсбук, Твитер и Инстаграм.

На клубовите ќе им се приклучат и Здружението на професионалните фудбалери, Здружението на менаџери, Здружението на професионалните судии, Здружението на навивачи.

Целта на бојкотот е уште еднаш да се укажа на злоупотребата на социјалните мрежи и секојдневните закани кои ги добиваат фудбалерите.

Во најавениот период, социјалните мрежи ќе ги бојкотираат и бројни фудбалски легенди.

OhridNews