Фудбалерите на Ливерпул со голема помош од голманот на Евертон, Џордан Пикфорд стигнаа до минимална победа (1-0) во градското дерби на „Енфилд“ во рамките од 14-та рунда во Премиер лигата.

Херојот на англиската фудбалска репрезентација од последниот Мундијал неспретно реагираше во последниот напад од натпреварот, Ориги со погодок сурово ја казни грешката и донесе вредни три бодови. „Црвените“ со минималецот во дербито го продолжија походот кон лидерот на табелата Манчестер Сити.

Ливерпул и Евертон одиграа добро дерби, но првата пресметка задоли фудбалски, а недостасуваа страста и тензијата кои ги красат пресметките помеѓу лутите ривали.

OhridNews