Научниците развиле вештачка пластична крв која би можела да послужи како замена за вистинска крв во итни случаи.

Научниците од Универзитетот во Шефилд изјавиле дека ова откритие би можело да постане голема предност во воените зони каде медицинска помош е во секое време потребна. Вештачката крв е, за разлика од човечката, лесна за пренос затоа што не треба да се чува на ладно и е потрајна.

Новата крв е створена од пластични молекули кои имаат атом на железо во својата кора, слично како хемоглобинот, така што можат да пренесуваат кислород низ телото. Научниците рекле дека производството на вештачка крв би можело да биде прилично евтино, па се надеваат на додатно финансирање за да развијат конечен прототип прикладен за биолошки тестирања.

Примерок на прототипот вештачка крв, ќе биде изложен во научниот музеј во Лондон од 22. мај како дел од изложбата за историјата на пластиката.

С.К.