Во последниве девет месеци во Англија биле уапсени 155 лица во истрага за црковни и граѓански бракови, а црквата сега вовела нови правила, според кои министерот за миграции сака да ја отстрани дупката во законот и да ги спречи луѓето да ја користат црквата за лични интереси.


Според новите правила, паровите ќе мораат да се пријават за добивање на посебни дозволи доколку некој од младенците доаѓа од неевропска земја, додека свештениците ќе ја предупредуваат полицијата во ризичните случаи доколку мислат дека бракот се склопува за остварување на лични интереси, односно добивање на британско државјанство.