„ Чарлс Дарвин, после 200 години од твоето раѓање, англиската црква ти должи извинување поради неразбирањето, што со грешната реакција ги поттикнавме и другите се уште грешно да те толкуваат. Се обидуваме да ја ставиме во практика старата умешност „вера која бара разбирање“ и се надеваме дека со тоа ќе се откупиме.

Овој текст е дел од изјавата која денес треба да ја објави англиската црква, и со кој ќе му се извини на научникот поради отфрлањето на познатата теорија за еволуцијата.


Извинувањето го напишал свештеникот др. Малком Браун, задолжен за односи со јавноста, кој додал дека христијаните со реакцијата на дарвиновата теорија направиле иста грешка како и кога се сомневале во галилеовата теорија во 17-тиот век.

Чарлс Дарвин умре пред 126 години. Неговиот пра-пра внук Андреј Дарвин изјавил дека извинувањето му се чини бесмислено.

„Зошто таков труд? Кога извинувањето ќе стигне 200 години покасно, не се работи за исправување на неправда, туку  некоја личност или институција која се извинува да се чувствува подобро“ – рекол Андеј Дарвин.