Фудбалската федерација на Англија (ФА) го казни тренерот на Челзи, Томас Тухел, со 35.000 фунти и забрана да го води тимот на еден натпревар поради вербалниот конфликт со менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте, кому му е изречена парична казна во износ од 15.000 фунти.

Во своето образложение ФА наведе дека двајцата тренери се санкционирани поради недолично однесување на лондонското дерби меѓу Челзи и Тотенхем, кое заврши нерешено 2-2.

Тухел и Конте вербално се судрија за време на натпреварот одигран на 14 август, а по завршување на дуелот дојде до меѓусебно туркање на двајцата тренери.

Поголем инцидент спречи обезбедувањето, а главниот судија им покажа црвени картони на двајцата тренери.

OhridNews