Претседателот Хари Хаџи-Ристески ја предводи делегацијата на ФФМ која ќе присуствува на извлекувањето на квалификациските групи за СП во Бразил. На покана на ФИФА ќе присуствуваат и потпретседателот Кенан Идризи и генералниот секретар Игор Климпер.


– Сигурно дека како и сите помали асоцијации посакуваме атрактивна група со барем еден атрактивен противник како што се Англија, Германија, Шпанија, Италија или Франција. Не сме играле со Португалија, Грција. Од останатите групи има противници кои ни „лежат” но кои се незгодни како Чешка, Романија, Словачка – вели претседателот на ФФМ, Хаџи Ристески.


Македонската репрезентација е во 5 шешир заедно со Австрија, Естонија, Летонија, Финска, Молдавија, Кипар, Азербејџан и Велс. Извлекувањето на групите е в сабота во 19.30ч по средно-европско време во Рио де Жанеиро.

Ohridnews