Англија и Франција ќе играат во финалето на ЕП за жени до 19 години, што се игра во сабота на Националната арена “Филип Втори“.
Натпреварот помеѓу Англија и Холандија кој се одигра на Филип Втори Арената, во регуларниот тек и по продолженијата заврши без голови. На пенали победи Англија со 5-4.
Второто полуфинале се одигра во Куманово, во регуларниот тек дуелот помеѓу Германија и Франција заврши 1-1. Франција победе во 28та минута со голот на Барбанс, во 37та минута изедначи Малиновски.
На пенали поуспешна беше Франција која славеше со 5-3.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com